вторник, април 23, 2024
spot_img
ПочетнаМакедонијаБрисел ни го „свирна“: По само еден ден од посетата на Фон...
spot_img

Брисел ни го „свирна“: По само еден ден од посетата на Фон Лајен, Европа не го признава македонскиот јазик – тoj јазик кој се зборува во Северна Македонија

Еден ден по посетата на Претседателката на Европската Комисија, Урсула Фон дер Лајен, која обраќајки се пред пратениците во Собранието рече:

„Јас ја слушнав загриженоста за јазикот и идентитетот. Нема сомнеж дека македонскиот јазик е ваш јазик. Ќе го повторам ова, нема сомнеж дека македонскиот јазик е ваш јазик. Ние целосно го почитуваме тоа. Затоа, во ревидираниот предлог јасно стои македонскиот јазик без квалификации од ЕУ“, стигна демант од Брисел. Ладен туш само еден ден по нејзината посета.

На денешниот брифинг на Европската Комисија со новинарите на прашање на новинарката Тања Милевска што значи изјавата на Претседателката Фон дер Лајен „Нема сомнеж дека македонскиот јазик е ваш јазик. Ќе го повторам ова, нема сомнеж дека македонскиот јазик е ваш јазик. Ние целосно го почитуваме тоа.“, од заменик портпаролот Дана Спинант доби одговор дека Фон дер Лајен всушност мислела на јазикот кој го зборуваат граѓаните во Северна Македонија.

ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ
Google search engine
spot_img
spot_img

ПОСЛЕДНО ОБЈАВЕНИ