сабота, април 20, 2024
spot_img
ПочетнаШтип News„Борба за живот“ е собирањето пластични шишиња за Амди од Штип
spot_img

„Борба за живот“ е собирањето пластични шишиња за Амди од Штип

Борба за живот, вака Амди од Штип го опишува секојдневното собирање на пластични шишиња. Вели од рано изутрина па до навечер оди по улиците собрирајќи од контејнерите пластични шишиња кои ги продава по килограм за на крајот од денот да добие некој денар за леб. Преживува од социјалната помош и од собирањето пластични шишиња. Ваквиот начин за живот вели премногу е тешок, но мора неккао да се снајде човек. За него предност е што парите кои ги заработува не се ваклани, не краде и така преживува.

„Секој ден по контејнерите ги наоѓаме шишињата, има борба за живот да се преживее. Ама не се преживува никако еве денес ја прекинаа и струјата така да мора некако да се снајдеме борба за живот што се вели. Шишињата се по 20 денари за килограм“ – вели Амди.

Граѓаните соработуваат, вели Амди честопати знаат да ги остават пластичните шишиња за тој да може да ги земе и да ги продаде. Но, зголемените цени на поголем дел од производите дополнително влијаат и врз неговитот и така премал буџет. Благодарен е да има парче леб и да може да преживее.

„Има многу граѓани кои ни даваат шишиња, по цел ден собирам шишиња мора неккао да се преживее“ – додава Амди.

Мемедов не е единствениот кој преживува од собирање пластични шишња. Во Штип уште многу граѓани вака врзуваат крај со крај и вака доаѓаат до пари за да можат да си купат барем леб.

Лаура Стојанова М-Нет

ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ
Google search engine
spot_img
spot_img

ПОСЛЕДНО ОБЈАВЕНИ