петок, март 29, 2024
spot_img
ПочетнаМакедонијаБомба од ДУИ: Предвремени избори ако во јуни нема датум за преговори...
spot_img

Бомба од ДУИ: Предвремени избори ако во јуни нема датум за преговори – Дали крајот вака „мириса“?!

Во Македонија ќе има предвремени парламентарни избори доколку во јуни нема почеток на преговорите за членство во Европската Унија (ЕУ), соопштил извор близок до Демократската унија за интеграција (ДУИ) за порталот „КД политик“.

Блокадата на парламентот од страна на опозицијата и можниот недостаток на европска перспектива со неопределување датум за преговори не оставаат друг избор освен одржување на нови парламентарни избори-наведува албанскиот медиум.

Уште се наведува дека доколку дојде до избори ДУИ нема да оди со ниту една од партиите на Македонците, СДСМ или ВМРО-ДПМНЕ. „Република“ побара коментар од ДУИ, но засега немаме одговор. Гласовите на ДУИ се неопходни за распуштање на Собранието бидејќи имаат 15 пратеници.

ВМРО-ДПМНЕ и Алијанса се изјаснија дека предвремени избори се неопходни бидејќи земјата оди во погрешна насока.Лидерот на Алијанса смета дека избори ќе има веќе во октомври оваа година.

ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ
Google search engine
spot_img
spot_img

ПОСЛЕДНО ОБЈАВЕНИ