среда, април 24, 2024
spot_img
ПочетнаМакедонијаБоки 13 ја објави документација: Кривичен направи монструозен и морбиден фалсификат!
spot_img

Боки 13 ја објави документација: Кривичен направи монструозен и морбиден фалсификат!

Бојан Јовановски-Боки 13, кој издржува затворска казна во Идризово, тврди дека доби фалсификувано судско решение од Кривичен суд. Тој водел постапка за прекин на казна поради влошена здравствена состојба за што до јавноста достави и медицинска документација со конзилијарни мислења.

Решението со кое му се одбива барањето за прекин е со датум 31 јануари 2023 година, но не е потпишано од сега покојниот судија Огнен Ставрев туку од друг судија, иако во тој временски период Ставрев биеше жив. Боки 13 додава дека дополнителен сомнеж дека судското решение е антидатирано и фалсификувано е и поради тоа што неговиот адвокат Владимир Туфегџиќ доставувал нови докази за прекинот и на 3 февруари, кои Кривичен ги примал, иако, според датумот на решението, постапката била завршена.

„Наместо законита одлука темелена на докази добив судско решение за кое изразувам основано сомневање дека е фалсификувано и антидатирано под директна наредба од страна на претседателот на Основниот кривичен суд Иван Џолев. Судското решение кое е со датум од 31.01.2023 не е потпишано од страна на починатиот судија Огнен Ставрев, дотолку повеќе што видно од решението се гледа потпис со апостроф кој не коинцидира со потписот на покојниот судија, а оттука се наметнува и прашањето заради кои причини судијата кој бил на работа до 03.02.2023 година пред да почине на 04.02.2023 година не го потпишал решението кое го донел и поради кои причини веднаш не го верифицирал истото во АКМИС-системот согласно закон и судкиот Деловник за работа“, пишува Боки 13 се работи за монструозен и морбиден фалсификат на деценијата.

Осудениот до јавноста ја достави и жалбата која ја има поднесено до Кривичен суд.

„Жалбата ја истакнувам за да ви ги набележам сите работи кои сметам дека еден ден ќе имаат голема улога во расчистувањето на политизираното, партиско и криимално судство кое денеска одлучува за човечки животи и судбини, а не затоа што верувам во правилна пресуда“, се вели во жалбата на Боки 13 и се додава:

„Па сега Ве прашувам: Дали вие судии, нарачателот на фалсификуваното решение претседателот Иван Џолев или пак кој и да го куцал и потпишал ова решение сте при чиста свест или пак сте до толку неинформирани, незаинтересирани и неупатени за свесно, медицинскиот задолжителен хигиено-диетски режим кој значи медицински протокол да го сведете и изедначите со прибор за хигиена? И на крајот Ве прашувам дали тоа значи дека затворот согласно вашето решение ќе ми даде да јадам сапуни, виледа, крпи и да пијам ‘Доместос’ и на тој начин ќе ми биде овозможено спроведувањето на хигиено-диететскиот режим?“.

Жалбата на решението во која се тврди дека Кривичен направил фалсификат за да не му даде прекин на казна со приемен печат од судот

Во прилог на соопштението, Боки 13 преку правниот тим во мејлот достави и десетици страни медицинска документација потпишана од доктори специјалисти од градската болница „Наум Охридски“. Меѓу истата, има и неколку конзилијарни мислења каде се потпишани десетици доктори.

„Во смисла на сериозноста, карактерот и интензитетот на болеста кај пациентот се препорачува и се дава задолжително упатство за понатамошно лекување и третман што би значело лекување исклучиво во домашни услови, веднаш и неодложно по завршување на болничкото лекување бидејќи пациентот со ваква здравствена состојба и опишаните ризици од истата, медицински е недозволено да се лекува во пенални услови“, стои во конзилијарното мислење доставено до медиумите на кое се потпишани четворица доктори.

ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ
Google search engine
spot_img
spot_img

ПОСЛЕДНО ОБЈАВЕНИ