четврток, април 25, 2024
spot_img
ПочетнаМакедонијаБоки 13 со емотивно писмо: Чекам „амин од Таче“ за да излезам...
spot_img

Боки 13 со емотивно писмо: Чекам „амин од Таче“ за да излезам од затвор поради рак на желудникот

Бојан Јовановски во јавноста познат како Боки 13, осуден на затвор од 9 години за „Рекет“,  преку својот правен тим денес до јавноста достави писмо во кое изразува сомнеж за фалсификување на решение како одговор на неговата жалба.

Јовановски вели дека барал прекин на издржувањето на затворската казна, но не го добил, а поранешниот директор на Управата за извршување на санкции, Марјан Спасовски му рекол дека ќе го пушти од затворот во Идризово „ако амин дадат Миле Зечевиќ и Таче” ( со дозвола на генералниот секретар на СДСМ, Миле Зечевиќ и премиерот, Димитар Ковачевски).

Боки 13 вели дека во затворот е вратен со метаплазиран желудник, претканцерогена лоша здравствена состојба и дека иако ги усполнува условите, сепак, не добива законски прекин на издржување на затворска казна. 

ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ
Google search engine
spot_img
spot_img

ПОСЛЕДНО ОБЈАВЕНИ