четврток, април 25, 2024
spot_img
ПочетнаШтип News„Боите на пролетта“ во Штип, децата со песни и изработки го означија...
spot_img

„Боите на пролетта“ во Штип, децата со песни и изработки го означија почетокот на пролетта

Преку пригодна програма на плоштадот „Слобода“ во Штип, учениците од основното училиште „Ванчо Прќе“, како и децата со попреченост од дневните центри го одбележаа доаѓањето на пролетта. Општина Штип традицонално објави конкурс на кој се наградуваа најдобрите изработки на децата со попреченост, а во избработките на дела беа вклучени и учениците од средното текстилно училиште во Штип.

„Традиционално и оваа година, во чест на Денот на пролетта – 22 март, Општина Штип објави јавен конкурс за децата со попречености за изработки од рециклиран материјал на тема „Боите на пролетта“. Целта на овој настан е социјализација и активирање на децата со попречености. Пристигнаа 56 изработки, а од страна на жири комисијата беа избрани најубавите творби“, истакна Вања Џамбазова Николовска, соработник за социјална, детска и здравствена заштита при Општина Штип.

„СОУ „Димитар Мирасчиев“ по повод Денот на пролетта изработи еко – торбички со порака за заштита на животната средина. Требаше време, прво се кроеше, шиеше, па цртање“, рече ученичката Магдалена Столеска.

А најмалите, првооделениците од основното учлиште „Ванчо Прќе“ во Штип со своја причина зошто ја сакат пролетта.

Ваква програма се организира десетта година по ред од страна на Општина Штип. Истовремено, на плоштадот имаше поставено дела на учениците кои се продаваа по симболична цена, на тема „Боите на пролетта“.

Лаура Стојанова М-Нет

ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ
Google search engine
spot_img
spot_img

ПОСЛЕДНО ОБЈАВЕНИ