вторник, април 23, 2024
spot_img
ПочетнаМакедонијаБитолчанец почина во пожар во стан во зграда на 12 кат
spot_img

Битолчанец почина во пожар во стан во зграда на 12 кат

Возрасен битолчанец го загуби животот во пожар што се случи во неговиот стан на 12 кат во повеќекатна зграда.

Од СВР-Битола соопштија дека истрагата за пожарот, кој утрово се случил во стан во зградата викана „пензионерска“ што се наоѓа во непосредна близина на основното училиште „Кирил и Методиј“, е во тек и по завршувањето ќе биде соопшен идентитетот на несреќното лице и причините за пожарот.

Екипи на територијалната противпожарна единица во моментов вршат контрола на зградата и станот кој по пријавата за пожар го изгаснале, но, за жал возрасниот битолчанец најверојатно со задушување го изгубил животот.

Превентивно во зградата во тек е повеќечасовен прекин на снабдувањето со електрична енергија.

ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ
Google search engine
spot_img
spot_img

ПОСЛЕДНО ОБЈАВЕНИ