петок, април 19, 2024
spot_img
ПочетнаСпортБелгиецот призна дека Брегалница е неговиот клуб од соништата: По само еден...
spot_img

Белгиецот призна дека Брегалница е неговиот клуб од соништата: По само еден месец веднаш гледам дека сум во вистинскиот тим!

Белгиецот Фајсел Касми и дефинитивно уште низ првите пријателски натпревари на „сините“ ова лето покажа дека ќе биде големо засилување за средниот ред на Брегалница.

Поранешниот фудбалер на белгиските Стандард Лиеж, Лирс, Жерминал Бершот потпиша договор со Брегалница до јуни 2024 година, сега после првите впечатоци во штипскиот клуб нагласува дека наишол на вистински професионално организаран клуб со високи амбиции за новата сезона.

„По само еден месец во Брегалница веднаш видов дека сум во вистинскиот клуб. Моето доаѓање тука воопшто не беше случајно. Напротив. Сакав да играм во клуб со големи амбиции, квалитетен тим и стручен штаб и може слободно да кажам дека сум на вистинското место“ – вели Касми, и дополнува: „Имам извонредни впечатоци и за соиграчите и за тренерот Ѓорѓиоски од кого се учат многу нови работи. Веднаш е јасно дека се работи за одличен стратег, сигурно еден од најдобрите со кого сум работел. Работиме напорно па верувам дека ќе бидеме максимално подготвени за новата сезона. Знам дека многу се очекува и од мене, и се надевам дека ќе ја оправдам довербата и на Брегалница и на сите нејзини навивачи. Знам дека ќе ми треба извесен период да се навикнам на македонското првенство, но верувам дека ќе имаме квалитетни изданија и резултати во новата сезона“.

Брегалница сезоната ја стартува на 7. август со гостувањето против Академија Пандев во Струмица.

ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ
Google search engine
spot_img
spot_img

ПОСЛЕДНО ОБЈАВЕНИ