петок, април 19, 2024
spot_img
ПочетнаПолитикаБебе старо само неколку дена евакуирано од Украина, уште 50 македонски државјани...
spot_img

Бебе старо само неколку дена евакуирано од Украина, уште 50 македонски државјани чекаат извлекување

Семејството Спирковски и нивното новороденче се на пат да ја напуштат Украина. Тие се евакуираат преку посебен безбедносен коридор и во моментов се безбедни и во добра сосотојба, информираат од македонското МНР.

Бебето кое има само неколку дена и родителите живееја во Харков – градот од истокот во кој се водат најжестоките борби, а нивниот случај на евакуација Османи го опиша како најсложен досега.  

-“Ние сме во постојана комуникација со нив. Тие реално не можеле да одговорат на нашиот повик за да ја напуштат Украина, затоа што чекале термин за породување кој се случил на неколку дена пред руската инвазија. Очекувам денеска ако успееме да го извлечеме тоа семејство од Украина”.

Од 100 мапирани македонски државјани пред руската инвазија, завојуваната земја досега ја напуштиле половина од нив. Остануваат уште 50 со кои сме во постојана комуникација и за кои очекувам евакуацијата да заврши уште денеска, вели Османи 

-“Од тие 50, 20-ина се во Киев, 20-ина во други градови. Продолжуваме со активностите. Околностите се менуваат на терен, нашите очекувања се дека ќе се влоши ситуацијата уште повеќе. Меѓутоа мораме во такви околности да најдеме начини да ги евакуираме нашите граѓани и тоа е наш прв и најаважен приоритет. Секој од нив безбедно да биде извлечен”.

Македонското МНР им порача на нашите државјани дека имаме договор со Бугарија, Романија, Молдавија и со Полска и дека доколку успеат да стигнат до нивните амбасади или конзулати, слободно да се обратат за помош.

На полската граница, пак, украинските власти не дозволуваат државата да ја напуштат македонски камиони кои превезуваат руска стока. Тие можат да се вратат дома, но без возилата, а во моментов се работи на решавање на ситуацијата, вели Османи.

Во меѓувреме, останува празна и амбасадорската фотелја во Москва, откако договореното заминување на македонскиот амбсадор е одложено за неодредено време.

ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ
Google search engine
spot_img
spot_img

ПОСЛЕДНО ОБЈАВЕНИ