четврток, март 28, 2024
spot_img
ПочетнаМакедонијаАприлили: Како се создал денот на шегата и најдобрите измами низ историјата
spot_img

Априлили: Како се создал денот на шегата и најдобрите измами низ историјата

Денес со закон е дозволено само шегување

Шегата за сите нас значи нешто различно, но може да се согласиме дека е неопходна во животот, смртта и сè помеѓу. Денес вниманието се насочува кон тие шеги – измами за кои треба малку добра волја и да не бидете лутковци. Дали ви е лесно да прифатите шега или не – на денот не му менува, па затоа опуштете се и читајте.

Каде започнува традицијата на шегата?

Антика

Харлекин, Фото: Pixabay

Некои веруваат дека традицијата настанала поради промените во календарот, пренесува „BBC Newsround“. Почетокот на пролетта некогаш се сметал за почеток на новата година. Кога први јануари бил земен за почеток на новата година, биле исмевани оние кои продолжиле да го слават на крајот на март.

Будењето на природата било одбележувано во Античка Грција и Стариот Рим со големи фестивали на обнова. Како дел од овие церемонии, нормалниот живот бил превртен наопаку.

Според историчарката Андреа Ливзи, „слугите можеле да им заповедаат на своите господари, а на децата им било дозволено да ги контролираат своите родители“, пренесува „National Geographic“.

Среден век

Харлекин, Фото: Picryl

Според англиската легенда, измамата што се слави токму на тој ден ја направиле жителите на Готам во Нотингемшир во средниот век. Готам сега е пријатно село популарно за семеен живот, но до пред неколку стотини години локалните жители биле познати по своето „лудило“. Фолклорот вели дека кралот Џон-негативецот во легендата за Робин Худ, требало да патува низ Готам до блискиот Нотингем. Секој пат по кој чекорел кралот би станал јавна сопственост, па селаните решиле да се глупираат а за да го одвратата кралот.

Некои од најраните записи за 1 април, во кои е означен како Ден на Шегата, доаѓаат од Франција и Холандија во 1500-тите, поради што луѓето веруваат дека можеби станува збор за северноевропска традиција која се проширила во Британија.

Некои историчари велат дека приказната што ја раскажал англискиот поет Џефри Чосер во 14 век – кога лисицата се шегува со петелот – е првата референца за шегите што се случуваат на 1 април. Поетот не го споменува овој датум. Во песната вели 32 дена „од почетокот на март“, што се толкува како прв ден од април. Оние кои не веруваат во оваа теорија велат дека тој користел само збунувачки зборови за да ги исмее луѓето во песната.

Потеклото веројатно е колекција на сите несвесни и колективни искуства на човештвото. Но, шегата не остана во историјата и овој ден низ годините се одбележува со генијални досетки и манипулации.

Eдни од најдобрите се:

1905: Разбојници ја ограбија Америка

Robber Barons, Фото: Picryl

На 1 април 1905 година, германскиот весник „Берлинер Тагеблат“ објавил дека крадци ископале тунел под американското Федерално Министерство за финансии во Вашингтон и го украле американското сребро и злато. Весникот напишал дека грабежот бил организиран од американски разбојници барони, чии провалници го ископале тунелот во текот на три години и заработиле над 268 милиони долари и дека американските власти се обидувале да ги ловат крадците додека јавно го прикривале фактот дека земјата е ограбена. Приказната брзо се раширила низ европските весници пред луѓето да сфатат дека се работи за првоаприлска шега на Луис Виерек, дописник од Њујорк на „Берлинер Тагеблат“ кој ја објавил шегата статија под лажно име.

ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ
Google search engine
spot_img
spot_img

ПОСЛЕДНО ОБЈАВЕНИ