петок, април 19, 2024
spot_img
ПочетнаМагазинЖивотАко сакате подолго да живеете отселете се од Македонија - Нашата земја...
spot_img

Ако сакате подолго да живеете отселете се од Македонија – Нашата земја се наоѓа на претпоследното место според животниот век во ЕУ!

Очекуваниот животен век при раѓање во ЕУ во 2020 година изнесува 80,4 години, што е за 0,9 години пониско споредено со претходната 2019 година.

Највисок очекуван животен век на ниво во ЕУ при раѓање имаат жителите на Норвешка – 83,3, Исланд и Швајцарија – по 83,1 години, додека најмал имаат Бугарија – 73,6 години, Романија – 74,2 години и Македонија – 74,4 години.

Според „Евростат“, Македонија не е идеална држава доколку сакате да имате долг животен век. Истражувањата велат дека ѓраганите на РМ се изложени на голема економска криза, зголемен број на граѓани од социјално-ранливи категории, пораст на сиромаштија и речиси исчезнување на средната класа.

Во земјите од регионот најголем очекуван животен век при раѓање имаат Грција – 81,4 години, потоа следи Хрватска – 77,8, Албанија – 77,4, Црна Гора – 75,9, Србија – 74,5.

Животниот век при раѓање во нашата земја споредно со 2019 година е намален за 2,2 години, кога бил 76,6 години, што е најголемо намалување меѓу сите земји во регионот, додека во Бугарија и Србија за 1,5 години.

ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ
Google search engine
spot_img
spot_img

ПОСЛЕДНО ОБЈАВЕНИ