петок, март 29, 2024
spot_img
ПочетнаМакедонијаАболицијата на Иванов падна и пред судот во Стразбур - предметите на...
spot_img

Аболицијата на Иванов падна и пред судот во Стразбур – предметите на СЈО остануваат „живи“

Европскиот суд за човекови права (ЕСЧП) во Стразбур едногласно одлучи дека апликацијата на поранешните функционери Владимир Талески, Никола Груевски, Миле Јанакиески, Гордана Јанкулоска, Тони Јакимовски, Сашо Мијалков, Тони Трајковски и Едмонд Темелко во врска со помилувањата на експретседателот Ѓорге Иванов за случаите на СЈО е невалидна. Одлуката е конечна.

Овие апликанти се жалеа во Стразбур дека помилувањата сè уште се во сила, бидејќи, според нив, поништувањето на помилувањата е во спротивност на принципот на законска сигурност поради ретроактивниот ефект.

Од ЕСЧП велат дека апликантите не ги исцрпиле сите домашни правни лекови и според судот, жалбите во нивната апликација се преуранети бидејќи домашните власти сè уште имаат можност да ги адресираат во актуелните судски предмети.

Според одлуката објавена денеска, ЕСЧП воопшто не ни расправал по поднесените жалби, туку ги упатува апликантите за амнестијата да се борат првин тука, пред домашните судови.

А домашните судови, како и Уставниот суд, сметаат дека амнестијата на Иванов на криминалот за кој има бројни постапки, не е законска.

Во образложението на одлуката, од судот во Стразбур велат дека многумина од апликантите се членови на партијата ВМРО-ДПМНЕ која што беше на власт кога се случија спорните настани и сите биле на истакнати јавни функции, вклучувајќи позиции како премиер, владини министри и градоначалниците. Обвинети се за криминали кои што се поврзани или произлегуваат од содржината на незаконското масовно прислушување.

На 12 април 2016 година, тогашниот претседател Ѓорге Иванов аболицираше 56 лица, вклучувајќи ги апликантите. Следуваа масовните протести, познати како Шарена револуција, по што се случи законски промена за да му се овозможи на Иванов во мај и јуни истата година да ги повлече помилувањата.

ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ
Google search engine
spot_img
spot_img

ПОСЛЕДНО ОБЈАВЕНИ