петок, април 19, 2024
spot_img
ПочетнаШтип NewsЌе ја покачат ли поскапите горива и цената на такси услугата?
spot_img

Ќе ја покачат ли поскапите горива и цената на такси услугата?

По вчерашната одлука за покачување на цената на горивата и гужвите на бензинските станици, утринава речиси пусто. Од денес за литар бензин треба да платите 5,5 денари повеќе, а за литар дизел дури 10 денари повеќе. Поради одлуката, вчера штипјани брзаа да наточат горива по пониски цени, но на дел од бензинските гориво не се точеше. Денес веќе има и најава за покачување на цената на такси – услугата. М-Нет Телевизија ги праша штипјани за ефектите од покачувањето, но и за тоа дали сметаат дека цената на горивата во скоро време ќе ја покачи и цената на такси – услугата.

Од Здружението на таксисти „Такси 2003“ истакнаа дека за утре имаат закажано состанок со сопствениците на такси компаниите на државно ниво. Веќе на 14 март на седница на Советот на Општина Штип ќе се дискутира за цената на такси услугата на ниво на град Штип.

Инаку, од полноќ за бензин Евросупер 95 треба да платите 89,5 денари/литар. Литар бензин Евросупер 98 ќе ве чини 91,5 денари, а литар дизел 85,5 денари. Од сега натаму РКЕ ќе носи одлуки на дневно ниво за цени на нафтени деривати, доколку берзанските цени имаат значителни промени. Овој принцип ќе се применува секогаш во состојби на екстремни дневни промени на берзанските цени.

Ребека Спасова М-Нет

ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ
Google search engine
spot_img
spot_img

ПОСЛЕДНО ОБЈАВЕНИ