петок, април 19, 2024
spot_img
ПочетнаШтип NewsЌе продолжи ли непречено да се одвива наставата од понеделник во Штип?
spot_img

Ќе продолжи ли непречено да се одвива наставата од понеделник во Штип?

Од понеделник 11 април на штрајк излегуваат просветните работници, односно вработениете во училиштата и градинките. Тие бараат зголемување на платите, но и по неколкуте обиди да се најде заедничко решение со Владата сепак остануваат на ставот дека од понеделник наставата ќе се стопира истовремено и децата нема да бидат згрижени во детските градинки. На ова реагираа и од Сојузот на средношколици кои потенцираат дека наствата е од огормно значење и сега не е време истата да се прекине. Дали ќе има настава од понеделник во Општина Штип, како ќе се згрижуваат децата во градинките го прашавме првиот човек на градот под Исарот, Иван Јорданов. Тој вели се уште не се знае точната бројка на наставници и воспитувачки кои ќе излезат на штрајк и со оглед на тоа не се знае како ќе биде координирана наставата.

„Ние како Локална самоуправа добивме известување од страна на училиштата и градинките дека во понеделник ќе пристапат кон штрајк, со тоа што во зависност од бројот на пријавени наставници, воспитувачи, негуватели кои ќе се приклучат на овој штрајк ќе процениме дали ќе има можност да се одвива наставата и згрижувањето во градинките. Сѐ уште немаме точна информација колкав број на наставници и негуватели и воспитувачи ќе бидат вклучени во овој штрајк за да процениме дали непречено ќе се одвива наставата или не“ – кажа Јорданов.

За две години наставата во училиштата беше прекината трипати. Во 2020 година со ковид пандемијата училиштата беа први на удар и беа затворени. Потоа наставата продолжи онлајн, а годинава второто полугодие започна со доцнење од две недели.

Лаура Стојанова М-Нет

ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ
Google search engine
spot_img
spot_img

ПОСЛЕДНО ОБЈАВЕНИ