
По вчерашната објава дека водата за пиење во Штип е само за техничка употреба и дека не може да се употребува за пиење и за подготовка на храна, ЈП Исар денес го објави распоредот на цистерните низ штипските населби. Екипи на ЈП Исар, исто така, денес носат вода во средните и основните училишта во Штип. ВД директорот Трајче Здравков, закажа прес-конференција за медиуми денес во 12:30 часот, за детално да ја објасни состојбата со водата во Штип.
Извор: mnet.mk