Градоначалникот Иван Јорданов најави дека сите заборавени улици и сокаци во Штип ќе бидат асфалтирани и соодветно уредени.
Општината со овие проекти ќе покаже дека ниту една населба во Штип повеќе нема да биде заборавена, а парите од буџетот на граѓаните ќе завршат во вложување на урбанизација, инфраструктура и останати намени за нивните потреби.
„Наша примарна обврска е одржување на патната инфраструктура. Сите заборавени улици, сокаци и булевари ќе добијат соодветно внимание“, објави Јорданов на својот Фејсбук профил.


