Градоначалникот на Општина Штип, Иван Јорданов, на својот Фејсбук профил објави дека од денес во градот ќе почнат градежни активности за доградба на конзоли на Отиња на дел од делница 1, долж улицата Васил Главинов.
„Со овој проект се предвидува намалување на сообраќајниот метеж во централното градско подрачје“, се вели во соопштението на Јорданов.

