среда, април 17, 2024
spot_img
ПочетнаМакедонијаЈорданов: Проблемот со кучињата скитници ќе биде решен во целост, Штип ќе...
spot_img

Јорданов: Проблемот со кучињата скитници ќе биде решен во целост, Штип ќе направи функционален стационар по сите светски стандарди!

Градоначалникот на Општина Штип, Иван Јорданов, денеска оствари средба со претставници на здруженијата за заштита на животните, со цел заеднички да договорат соодветен третман за кучињата бездомници.

Јорданов децидно истакна дека овој проблем ќе биде решен во целост, па најави дека од следната година ќе биде направен и проект за функционален стационар наменет за овие животни.

„Доколку се утврди дека моменталниот стационар не ги исполнува условите и соодветните стандарди, тогаш Општината ќе го раскине договорот. Воедно, општината веќе е во соработка со здруженијата, па наскоро ќе направиме заеднички проект со цел да се изгради функционален и современ стационар по сите стандарди“, заклучи Јорданов.

ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ
Google search engine
spot_img
spot_img

ПОСЛЕДНО ОБЈАВЕНИ