петок, април 19, 2024
spot_img
ПочетнаШтип NewsЈорданов: Почнува проектот за вложување во патната инфраструктура, ниту долговите од минатото...
spot_img

Јорданов: Почнува проектот за вложување во патната инфраструктура, ниту долговите од минатото нема да ја спречат градежната офанзива во Штип!

Градоначалникот на Општина Штип, Иван Јорданов, од денес најави градежна офанзива низ повеќе локации во градот.

Локалната самоуправа од буџетот на граѓаните ќе издвои средства за реконструкција на тротоари и асфалтирање на улици.

„Веќе се завршени поголем дел од тендерите, ќе се реконструираат десетици улици. Ќе се асфалтираат улици коишто никогаш досега не биле асфалтирани, а се во кал и прашина, во населбите Балканска, Чардаклија, Македонка, Каваклија, во централното градско подрајче, улица „Ванчо Китанов“ и уште неколку други“, изјави тој.

Јорданов дополнително истакна дека Општината има големи долгови оставени од минатото, но потенцираше дека ваквите проблеми ќе бидат само дополнителен предизвик за локалната самоуправа.

„Морам да кажам дека ми е жал што поголем дел од долговите коишто ги наследивме имаме обврска да ги сервисираме, заради неодговорното работење во минатото. Сигурно дека градежната офанзива ќе беше многу поголема, ако поголем дел од финансиските средства не ги трошевме за враќање на стари долгови“, заклучи Јорданов.

Градоначалникот на Штип потенцираше дека деновиве ќе бидат целосно обновени и проширени тротоарите во близина градската црква, во штипско Ново Село, населбата Осми Ноември, како и булеварот „Партизанска“.

ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ
Google search engine
spot_img
spot_img

ПОСЛЕДНО ОБЈАВЕНИ