петок, септември 22, 2023
Google search engine
ПочетнаШтип NewsЈорданов: Општина Штип и Универзитетот Гоце Делчев со заедничка акција до поставување...
spot_img

Јорданов: Општина Штип и Универзитетот Гоце Делчев со заедничка акција до поставување на сончеви колектори

Општина Штип ќе поставува фотоволтачини панели на крововите од УО „Ванчо Прќе, општинската зграда и филтер станицата за вода. 

За средства ќе аплиоцира преку проект за подобривање на енергетската ефикасност до Министерствто за локална самоуправа и Бирото за регионален развој.

-Аплициравме преку Источно планскиот регион да добиеме финансиски средства со кои ќе се инсталираат фотоволтаични панели и очекувам веќе од наредната година да се намалат трошоците за електрична енергија и практично да се прилагодиме со новонастанатата состојба со зголеменаата цена на берзата, изјави Иван Јорданов, градоначалник на Штип.

И штипскиот Универзитет „Гоце Делчев“ во прво време ќе поставува сончеви панели на зградата на ректоратот. Средства има од сопствениот буџет, но по трет пат ќе распише тендер, зашто првите два беа неуспешни. За фирмите кои работат на инсталирање на фотоволтаици поинтересни им се поголемите површини.

-Тие што ни се јавија не ги исполнуваа условите барани на тендерот. Се надеваме дека со третиот (тендер) ќе успееме да избереме соодветен изведувач и да ја реализираме, пред се на ректоратот, изјави Дејан Мираковски, Ректор на УГД – Штип.

Планирано е сончевите централи да бидат поставени на крововоите од зградите на правниот факултет и на кампус 2, каде ќе биде најголема, а вишокот произведена енергија ќе се продава на електро дистибутивната мрежа. 

Факултетите како дневни потрошувачи, јадрото од енергијата ја трошат во текот на денот кога има студенти, така што овие системи се идеално решение за постигнување на целосна енергетска самостојност. 

ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ
Google search engine
spot_img
spot_img

ПОСЛЕДНО ОБЈАВЕНИ