Градоначалникот на Општина Штип, Иван Јорданов, вчера оствари средба со најдобрите ученици од СОУ Гимназија „Славчо Стојменски“.
Јорданов истакна дека е донесена одлука со која ќе се поттикнат и мотивираат учениците од основните и средните општински училишта, па отсега Општина Штип ќе доделува стипендии на најдобрите и најуспешните.
„Во текот на денешниот ден остварив средба со најуспешните ученици од СОУ Гимназија “Славчо Стојменски”, кои на натпреварите во Македонија и надвор од неа постигнале исклучителни резултати и дома се вратиле со високи достигнувања, при што ги мотивирав да аплицираат за добивање општинска стипендија, затоа што тоа е еден од начините за валоризација на нивниот успех“, изјави иван Јорданов.

