Проблемите со застарената водоводна мрежа не запираат! Поради настанатиот дефект на главната водоводна линија, денес неколку населби останаа без вода за пиење.
Екипите на водовод и канализација интензивно работат на отстранување на овој голем прекин на водоснабдувањето, кое е сериозен показател за потребата од трајно решение на проблемот со застарената водоводна мрежа.
