По повеќе од една деценија, населба Сењак доби современа и безбедна крстосница, проблем кој предизвикуваше бројни несреќи во сообраќајот!
Градоначалникот на Општина Штип, Иван Јорданов ја согледа потребата од изработка на функционално решение и промена на првичниот проект.
Штипјани конечно во пракса добија вистинско решение за надминување на секојдневниот сообраќаен метеж.
„Овој проект ќе значи поголема безбедност и функционалност за граѓаните на Општина Штип“, изјави Јорданов.



