понеделник, април 15, 2024
spot_img
ПочетнаШтип NewsЈорданов: Во Општина Штип се решаваат проблеми кои години наназад не биле...
spot_img

Јорданов: Во Општина Штип се решаваат проблеми кои години наназад не биле третирани, дискутирани и комуницирани

„Кога ја затековме општината со долг на ЈП „Исар“ од 5 милиони евра и со оперативен буџет на општината од 310 милиони денари, за една ипол година вративме повеќе од 1,5 милиони евра средства кои биле како долг на јавното комунално претпријатие кон министерството за финансии, но исто така го зголемивме и оперативниот буџет на 490 милиони денари оваа година“, истакна градоначалникот на Општина Штип Иван Јорданов на денешната трибина насловена „Современи образовни политики“ во Општина Штип.

Јорданов истакна дека за да може да се реализира развојна компонента на општината најдовме алтернатива и начин на финансирање на нови капитални проекти кои ние ќе ги испроектираме кои ќе генерираат развој на нашиот град.

„Зошто е битна општинската обврзница? Ние наназад години, години сме немале развојна компонента на градот, што значи тоа? Освен одржување на тековни улици ние немаме развојна компонента да видиме нов булевар, нова трасирана улица, развој на градот, нова населба, нова содржина, спортска сала, кино и слично“ , вели Јорданов.

Тој додаде дека она кое што е приоритетно е најпрво да ги нотираме проблемите и следствено на нашите расположливи средства да пробаме да ги решиме.

„Навистина во овие изминати месеци секојдневно разговараме со нашите сограѓани за проблемите со кои се среќаваат. Практично овие месеци решаваме проблеми  кои години наназад не биле третирани, дискутирани и комуницирани. Затоа пред се на средбите кои ги организираме, теренските посети и разговорите со нашите сограѓани сме насочени на нотирање на комунални проблеми, но исто така и на проблеми со кои тие секојдневно се соочуваат“, кажа Јорданов.

Јорданов истакна дека дел од овие проблеми навистина е жално што чекале со години за да бидат решени.

„Кога се среќаваме со граѓаните велат дека после 6 години добро што дојде некој да не посети, да не праша како живееме и со какви проблеми се соочуваме. Само кога ВМРО-ДПМНЕ е на власт, било да е централна или локална власт граѓаните се комуницираат и Се решаваат одредени проблеми“, посочи Јорданов.

Тој заклучи дека изминатите неколку месеци се работи на одржување на тековна инфраструктура. Тоа значи дека се реконструираат улици кои повеќе од 30-40 години не биле реконструирани , односно не биле одржувани.

ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ
Google search engine
spot_img
spot_img

ПОСЛЕДНО ОБЈАВЕНИ