петок, април 12, 2024
spot_img
ПочетнаМакедонија„Ѕрн, ѕрн“: Пратениците од СДС не можат глава да кренат од телефон...
spot_img

„Ѕрн, ѕрн“: Пратениците од СДС не можат глава да кренат од телефон – Македонскиот народ постојано им ѕвони и ги повикува за одбивање на „Францускиот предлог“!

Телефонските броеви на сите пратеници од редовите на СДСМ и од нивната коалиција се појави на социјалната мрежа Твитер, во пресрет на утрешната пленарна седница на македонското собрание на која ќе биде разгледуван „францускиот предлог“. 

Броевите, според оние кои ги објавија, се достапни за да можат сите граѓани да вршат притисок врз пратениците.

Пратеничката група на СДСМ потегот го објаснува како дел од „црните сценарија“.

Телефонските броеви секако се јавни и достапни на сите граѓани. Но, ова е дел од црните сценарија на оние кои не и мислат добро на земјата и ова го користат единствено како гола борба за власт и спасување од криминал. Уверени сме дека граѓаните нема да подлегнат на шпекулациите и лагите, затоа што заклучоците што ќе ги предложиме и гласаме гарантираат продолжување на европскиот пат со безусловно почитување на македонскиот јазик и безусловно почитување на идентитетските, историските и културните особености на македонскиот народ сега и секогаш во иднината, велат од СДСМ.

Дарко Каевски вели дека од вчера му се јавуваат голем број граѓани, со барање да не се прифати францускиот предлог.

Денеска ми се јави една повозрасна госпоѓа и откако и објаснив дека предлогот е добар за нас Македонците, се предомисли и ми порача да го направиме најдоброто за нашата земја, рече Каевски.

На пратеничката Љатифа Шиковска денеска и стигнала СМС порака, без заканувачка содржина, туку со молба да не се прифати предлогот.

Повик се уште не сум добила, но добив порака, која не беше вознемирувачка, туку беше со апел да не направиме зло на државата и народот, вели Шиковска.

Илире Даути од Алијанса за Албанците вели дека неа никој и се нема јавено за да и врши притисок пред гласањето за францускиот предлог.

Првпат слушам за ова од Вас, мене никој ми се нема јавено за да ми врши било каков притисок. Воопшто не ни знав за овој список со телефонски броеви којшто се појавил на социјалнните мрежи, вели Илире Даути.

Иако припаѓаат на истата коалиција, од листата се изоставени броевите на кои може да се контактираат пратениците од ЛДП, ДОМ и ДС. Овиe три партии кои во Собранието се претставени со 4 пратеници во изминатиот период изразија резерва околу можноста да го поддржат предлогот.

ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ
Google search engine
spot_img
spot_img

ПОСЛЕДНО ОБЈАВЕНИ