петок, април 12, 2024
spot_img
ПочетнаМакедонијаЃоковиќ најави дека ќе дојде во Македонија: Планирам во Скопје да одиграм...
spot_img

Ѓоковиќ најави дека ќе дојде во Македонија: Планирам во Скопје да одиграм меч со Калин Ивановски!

Најдобриот српски тенисер Новак Ѓоковиќ ја освои седмата титула на Вимблдон, откако во финалето беше подобар од австралискиот играч со грчко потекло Ник Кирјос, по што во изјава за „Макфакс“ откри дека сака да ја посети Македонија и да заигра тенис против најталентираниот македонски тенисер Калин Ивановски.

Ѓоковиќ кажа дека сака да ја посети Македонија, но не откри кога би можело тоа да се случи, а исто така негова желба е да се соочи со Ивановски, кој стигна до четвртфиналето на јуниорскиот Вимблдон.

„Сакам да заиграм во Скопје. Во Македонија сум бил како мал, но би сакал да одиграм една партија тенис со новата надеж на македонскиот тенис Калин Ивановски. Калин е одличен тенисер. Тоа е високо и добро момче, кое има одлична игра. Ќе го повикам на тренинзи во Белград за да изградиме однос, по што ќе му помогнам да стигне до некои тениски височини и се надевам дека ќе успеам во тоа“, кажа Ѓоковиќ за „Макфакс“.

ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ
Google search engine
spot_img
spot_img

ПОСЛЕДНО ОБЈАВЕНИ