понеделник, април 15, 2024
spot_img
ПочетнаМагазинЖивотШто е потребно за да преживеете нуклеарен напад?
spot_img

Што е потребно за да преживеете нуклеарен напад?

Претседателот Владимир Путин нареди руските нуклеарни сили нареди да се стават во состојба на висока подготвеност откако Западот воведе санкции за инвазијата на Украина. Додека премиерот Борис Џонсон тврди дека заканата е тактика на Путин за „одвлекување внимание“, познато е дека Русија има скоро 4.500 нуклеарни боеви глави.

Британскиот Independent објави текст со наслов „Како да преживеете нуклеарен напад“ во кој објавија листа со потребни работи за преживување на нуклеарен напад, секако ако се преживее почетната експлозија.

Прво што треба да направите е да најдете засолниште.

Како превенција, Федералната агенција за управување со вонредни состојби на САД (ФЕМА) посочи список залихи и предмети коишто луѓето треба да ги имаат при рака во случај на вонредна состојба, освен засолниште.

Списокот се состои од:

– Три литри вода по лице ќе бидат доволни за три дена

– Тридневна набавка на нерасиплива храна.

– Напојување со батерии – следењето и добивањето информации по нуклеарен инцидент ќе бидат клучни за опстанокот; следењето на временската прогноза е од исклучителна важност.

– Светилка.

– Прва помош.

– Свирче.

– Маска за прашина – ова особено ќе помогне во дишењето контаминиран воздух.

– Влажни крпи, ќеси за ѓубре и други основни средства за хигиена; пластична фолија и селотејп може да помогнат во спречувањето несаканите честички да влезат во засолништето.

– Клуч / алат за исклучување на струјата и водата.

– Отворачи за конзерви со храна.

– Мапи од околината.  

ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ
Google search engine
spot_img
spot_img

ПОСЛЕДНО ОБЈАВЕНИ