сабота, септември 30, 2023
Google search engine
ПочетнаСпортШтип ќе грми: Брегалница денес ја пречекува Шкендија на „Градскиот стадион“
spot_img

Штип ќе грми: Брегалница денес ја пречекува Шкендија на „Градскиот стадион“

Фудбалерите на Брегалница ќе ја дочекаат Шкендија во рамките на 28. коло на Првата македонска фудбалска лига.

Штипјани кои играат далеку подобро пролетва отколку во првата полусезона, ќе ја предизвикаат екипата која е најрасположена и во најдобра форма во лигата. Доаѓањето на Здравков беше полн погодок за штипјани кои сега играат позрело, на резултат и без непотребни ризици. 

Од друга страна, Шкендија полноправно се врати во трката за титулата. Тетовчани имаат шест бода помалку од Струга, но и натпревар помалку, како и меѓусебен дуел во претпоследното коло. Без средбата во Купот, Шкендија е во серија од пет првенствени победи, а фактот дека и Брегалница не знае за пораз пролетва ветува интересен дуел на „Градскиот стадион“ во Штип. 

Пресметката во градот под Исарот е единствена на програмата в сабота и се игра во терминот од 16:00 часот.

ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ
Google search engine
spot_img
spot_img

ПОСЛЕДНО ОБЈАВЕНИ