Во Штип на 17 јуни ќе стартува 47. Меѓународниот турнир во борење „Македонски бисер“, а се очекува учество на 100-тина борачи.
Борењето е најтрофеен спорт во Македонија и во Штип, а борачите во Штип ќе пристигнат еден ден порано, кога ќе се одржи и мерењето.
На 17 јуни ќе се одржат сите натпревари, а најавено е дека ќе има и свечено отворање на овој настан.