Штип и дефинитивно станува главен центар во Источна Македонија.
Покрај досегашните активности на Општината, градоначалникот Иван Јорданов најави дека населбата 8ми Ноември ќе добие нов, современ и забавен парк со повеќенаменски детски игралишта и содржини.
„Во наредните денови активно ќе работиме за изградба на повеќенаменско детско игралиште, игралиште за мал фудбал со вештачка трева, ново игралиште за баскет и уредување со нова урбана опрема. Инвестицијата во вредност од 2.000.000 денари ќе биде инвестирана од буџетот на Општина Штип, од парите на граѓаните. Продолжуваат нашите активности во секоја населба, наш приоритет е во секоја населба да создадеме паркови и места за рекреација за нашите сограѓани“, стои во изјавата на ФБ профилот на Јорданов.


