петок, април 19, 2024
spot_img
ПочетнаМакедонијаШтип се сеќава на Гоце Делчев, Македонија одбележува 119 години од смртта...
spot_img

Штип се сеќава на Гоце Делчев, Македонија одбележува 119 години од смртта на големиот револуционер и борец на слободата!

Во Македонија денеска се одбележуваат 119 години од смртта на револуционерот и борец за слобода Гоце Делчев.

Собраниска делегација предводена од потпретседателот на Парламентот Горан Мисовски и пратениците Марија Георгиевска и Бети Стаменкоска-Трајкоска денеска ќе положат цвеќе во црквата „Свети Спас“, на гробот на Гоце Делчев.

Цвеќе ќе положат делегации од други државни институции, здруженија и граѓани. Воедно, во Собранието ќе биде доделена државната награда „Гоце Делчев“ за 2022 година за особено значајни остварувања од интерес за Република Северна Македонија од областа на науката.

Револуционерот Делчев на денешен ден во 1903 бил убиен од турската војска во селото Баница, на пат кон Сер. Визионерот кој пред повеќе од еден век го разбра светот како поле за културен натпревар на народите е роден на 4 февруари 1872 година во Кукуш, во семејството на Султана и Никола.

Се школувал во гимназијата во Солун и на Воената академија во Софија. Учителствувал во Штип, а како член на Централниот комитет на ТМОРО работел на создавање мрежа на бази, комитети и комитски чети на Организацијата.

Учествувал на Солунскиот конгрес на ВМРО (1896), а до 1901 година бил задграничен претставник на ВМРО во Софија. По убиството во 1903-та, неговите посмртни останки се чувале во Баница, до 1917 година, кога биле пренесени во Ксанти, а потоа во Софија.

До 1923 година, ковчежето со коските се чувало во домот на Михаил Чаков. Останките на Делчев на 11 октомври 1946 година биле пренесени во црквата „Свети Спас“ во Скопје.

ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ
Google search engine
spot_img
spot_img

ПОСЛЕДНО ОБЈАВЕНИ