петок, април 19, 2024
spot_img
ПочетнаШтип NewsШтип одбележа 150 години од раѓањето на Гоце Делчев
spot_img

Штип одбележа 150 години од раѓањето на Гоце Делчев

Општина Штип, но и институциите кои го носат името на великанот и револуционер Гоце Делчев, денеска, со низа на активности, го одбележаа неговото раѓање.

Традиционално, во Штип денот беше одбележан со полагање цвеќе пред спомен-релјефот на Гоце, кој се наоѓа во објектот на Ректоратот на Универзитетот „Гоце Делчев” (УГД). Делегации од Општина Штип, Советот на Општина Штип, ректорот на УГД-Штип, Блажо Боев, претставници на државни и локални институции, пратеници и политички партии беа дел од одбележувањето.

Во штипско Ново Село, објектот во која сега е Ректоратот на УГД, порано било училиште во кое Делчев учителствувал за време на престојот во Штип. Во објектот како спомен за великанот Гоце Делчев постои и спомен-соба, во која се изложени предмети и документи поврзани со него, а поставени се и клупите од тогашното училиште.

Факултетот за образовни науки како наследник на долгата просветителска традиција која започнува со основање на Учителската школа „Гоце Делчев” во Штип (1946/1947), преку Вишата педагошка школа (1959), Педагошката академија (1961) до Педагошкиот факултет (2011) организираше настан чествување по повод 150 години од раѓањето на македонскиот револуционер и учител Гоце Делчев. Универзитетските професори на овој факултет говореа за Делчев како револуционер, што претставува за нашата македонска историја, но и беа презентирани ставови и мислења на населението и на неговите ученици додека учителствувал во училиштето во Ново Село. Тие истакнаа дека населнието го има доживеано како исклучителна личност и учител.

ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ
Google search engine
spot_img
spot_img

ПОСЛЕДНО ОБЈАВЕНИ