среда, април 17, 2024
spot_img
ПочетнаМакедонијаШтип е рај за турбофолкерките: Им бакнуваат нозе и летаат евра!
spot_img

Штип е рај за турбофолкерките: Им бакнуваат нозе и летаат евра!

Кога е македонската публика во прашање, регионалните турбо фолкерки секогаш се добредојдени кај нас, а настапите им минуваат со расположена публика во огромен број, која наизуст им ги знае песните.

Сепак, според сведоштвата на пејачките, штипјани посебно се истакнуваат во гостопримството кон нив, а тие од тамошните настапи си заминуваат преполни со позитивни импресии, а исто така и поголеми суми на пари од огнените обожаватели.

Така на пример, Милица Павловиќ од својот минатонеделен настап во клуб во Штип си замина побогата за неколку илјади евра, а видео снимката на која се гледа како момче од публиката буквално фрла купишта на банкноти врз неа, го обиколи регионот.

Пред две недели пак, додека Теодора Џехверовиќ пееше во клуб во Штип, момче од публиката среде настап започна да и ја бакнува ногата. Таа дури објави снимка од случката со обожавателот кој падна пред нејзините нозе.

Големите музички имиња како Цеца, Лепа Брена, Северина, Данијела Мартиновиќ и многу други, исто така ги памтат своите настапи во Штип само по убави нешта.

Кога пред три години дојде во Штип, да пее на општинската манифестација Пастрмајлијада, Цеца Ражнатовиќ останала без зборови од дочекот во штипскиот хотел каде била сместена.

Како што тогаш раскажаа за ,,Фокус” сопствениците на хотелот, целиот ходник по кој поминала ѕвездата, исто како и нејзината соба и кревет, биле послани со миризливи рози, со цел да остават добар впечаток кај пејачката, но и да и покажат дека им е чест што дошла во Штип.

Открија дека сличен третман имале и Данијела Мартиновиќ, Аца Лукас, Северина, Николија…

Северина, Лепа Брена, Јелена Розга и други пејачки исто така ги пофалија штипјани како добри домаќини по своите тамошни концерти. Северина беше свечено дочекана и во кабинетот на поранешниот градоначалник Благој Бочварски со банани и портокали, а пак Лепа Брена јавно го пофали гостопримството на поранешниот градоначалник Илчо Захариев и штипјани, и изјави дека имала неверојатен дочек и третман кој долго ќе го памти.

Како граѓаните, така и секоја локална власт во Штип секогаш се истакнала како добар домаќин кон естрадните гостинки. Иако поради пандемијата не се одржа Пастрмајлијада, сепак штипските клубови се отворени за многубројните музички гостинки од регионот, кои доаѓаат секој викенд и уживаат голема популарност помеѓу граѓаните.

Вики Клинчарова

ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ
Google search engine
spot_img
spot_img

ПОСЛЕДНО ОБЈАВЕНИ