петок, септември 22, 2023
Google search engine
ПочетнаШтип NewsШтип воведува нова техника за санација на улици по европски стандарди
spot_img

Штип воведува нова техника за санација на улици по европски стандарди

Со техника на рециклирање на материјалите, ќе се санираат ударните дупки по штипските улици. Се работи за нова италијанска технологија со употреба на изгребен асфалт. Технологијата кај нас се користи за прв пат, но востановена пракса е во соседна Србија и други европски земји.

-Се работи за употреба на 100% изгребен асфалт на ладно, со додаток на само еден адитив т.н. „рејвинатор“ кој го оживува битуменот од стариот асфалт и овозможува повторно на ладно да се вгради оваа технологија. Може да се користи за активности на санација, поправање на ударни дупки, може да се користи за изградба на пешачки патеки, велосипедски патеки. Ова е технологија која лесно може да се бои со додаток на соодветен пигмент, така што може да добиеме и еколошки асфалт кој се изработува од 100% изгребен асфалт на ладно во боја, изјави Зоран Крушиќ, „Интеркимика”.

Користењето на ваквата технологија е во чекор со европските трендови на зачувување на природата, а е доста едноставно, брзо и лесно.

-Тенденциите на Европа во моментов се тоа, рециклирање на материјалите, намалувањето на емисијата на штетни гасови во природата со вакви ладни постапки, така што и ние одлучивме да направиме чекор со светот и првпат да ја примениме оваа технологија, изјави Горан Мијовски, Градежен факултет, УКИМ – Скопје.

Во случај на санација на ударни дупки, прво треба истите соодветно да се подготват и да се исчистат, па масата да се нанесе мануелно, а потоа и да се израмни механички.

ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ
Google search engine
spot_img
spot_img

ПОСЛЕДНО ОБЈАВЕНИ