петок, април 19, 2024
spot_img
ПочетнаШтип NewsШтипјани едвај врзуваат крај со крај, според Бектеши ценовни шокови нема да...
spot_img

Штипјани едвај врзуваат крај со крај, според Бектеши ценовни шокови нема да има

Нов месец, нови покачувања на дел од основните продукти за живот. Цените се одмрзнаа, лебот веќе со покачена цена. Министерот за економија Крешник Бектеши, истакна дека од денес важи одлуката за замрзнување на маржите, што значи дека нема да има ценовни шокови кај основните прехрамбени продукти. Ама граѓаните во Општина Штип велат едвај врзуваат крај со крај, скапо е за живот, сега дополнително со зголемувањето на цената на лебот.

“Посапен е лебот, но и зејтинот. Скапо е едвај се врзува крај со крај“

Викендот беа забележани турканици во маркетите, секој купуваше додека да се одмрзнат цените на производите. Граѓаните во Штип велат денеска нема голема гужва, бидејќи дел од нив веќе имаат направено резерва од основни продукти за живот. Според Бектеши пак рафтовите во продавниците не биле испразнети од граѓаните, туку трговците сами си ги повлекле производите.

„Во делот на случувањата за викендот морам да ја известам јавноста дека немало паника од страна на граѓаните. Утврдено е дека некои од трговците сами си ги повлекле залихите се со цел денеска да ги вратат назад со нови цени. Тоа нема да дозволиме да се случи, не е време да се шпекулира и да се манипулира врз грбот на граѓаните и со зголемување на цените“ – кажа Бектеши.

Според Бектеши утврдено е само мало покаќување на цените кај месото. Во меѓувреме, државните стоковни резерви се задоволителни и во делот на прехрамбени производи и во делот на нафтени деривати.

Лаура Стојанова М-Нет

ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ
Google search engine
spot_img
spot_img

ПОСЛЕДНО ОБЈАВЕНИ