„Се запознавме во Штип, додека бевме на студии. Најинтересно беше тоа што имавме исто презиме, а не знаевме ништо еден за друг. Потоа, спонтано од пријателство, излезе љубовна врска…“, вели Благица Топалова (26) од Велес за CRNOBELO.com.
Благица Топалова (26) од Велес беше запросена на својот роденден на 30-ти април од страна на саканиот Ѓорги Топалов (25) од Штип, во Солун на зајдисонце.
Ѓорѓи ја изненади својата партнерка со прстен и рози, наместо со торта и свеќички.
„Се запознавме во Штип, додека јас бев студентка на општа медицина во 4-та година на Факултетот за медицински науки, а тој беше 3-та на Факултетот за туризам и бизнис логистика.
Најинтересно беше тоа што имавме исто презиме, а не знаевме ништо еден за друг.
Од пријателство од 2019 година, спонтано излезе љубовна врска.
