петок, април 12, 2024
spot_img
ПочетнаШтип NewsШтипјанецот Миовски среде „Селтик Парк“ навиваше за Реал Мадрид (ФОТО)
spot_img

Штипјанецот Миовски среде „Селтик Парк“ навиваше за Реал Мадрид (ФОТО)

Македонскиот репрезентативец Бојан Миовски кој настапува за екипата на Абердин, го искористи гостувањето на Реал Мадрид кај Селтик во Лигата на шампионите и беше присутен на мечот од првото коло. 

Младиот напаѓач беше фотографиран во гостинскиот сектор каде што беа сместени фановите на Реал, а според виденото, беше задоволен од исходот на мечот. Миовски беше на трибините на „Селтик Парк“ со својата поубава половина, користејќи го слободното време да го гледа европскиот првак. 

Штипјанецот оваа сезона го засили Абердин, а веќе се наметна во новата средина. Миовски од стартот на сезоната даде шест погодоци за шкотскиот клуб и бргу стана миленик на навивачите. Задолженијата со Абердин за Миовски продолжуваат овој викенд, во пресметката со Глазгов Ренџерс. 

ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ
Google search engine
spot_img
spot_img

ПОСЛЕДНО ОБЈАВЕНИ