петок, април 19, 2024
spot_img
ПочетнаШтип NewsШтипскиот суд добил 8 пати повисока сметка за струја
spot_img

Штипскиот суд добил 8 пати повисока сметка за струја

Енергетската криза не ги одмина ниту судовите. Поради еднострано раскинување на договорот од страна на добавувачот на електрична енергија, на штипскиот Основен суд, неместо вообичаените 35 000 денари, од ЕВН му се доставени сметки за струја за декември и јануари по околу 250 000 денари месечно. За двата месеци судот должи близу 500 000 денари. 

-Фактурирани ни се огромни сметки, можам да кажам 7 до 8 пати поголеми од истите во изминатите години за тој временски период, а во план е и да побараме судска заштита, односно, да поведем спор протв правното лице кое што еднострано го раскина договорот и сметаме дека на тој начин ни е нанесена штета- изјави Ѓорѓи Андонов, претседател на Основен суд-Штип.

Најголем предизвик на судот во следниот период ќе биде обезбедување на доволен број судии и судска администрација, чија вкупна бројка според систематизацијата треба да изнесува 120 лица, а сега работат со 2/3 од предвидените човечки ресурси.

-Во Основен суд – Штип е предвидено да има 19 судии, а моментално имаме активни 14 судии, вклучително ос претседателот на судот и еден судија кој што е член на Судскиот совет и чија што функција мирува. Оваа година се очекува заминување во пензија на тројца судии, а избор на еден судија, така што ова ќе се надмине со подобра работа на судиите во смисла на поголем ангажман, додаде Андонов

Штипскиот Основен суд е оценет како ажурен и ефикасен, а ќе биде и еден од 5-те судови во земјата со дигитализирана судница, во која ќе се реализираат он лајн судења.

ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ
Google search engine
spot_img
spot_img

ПОСЛЕДНО ОБЈАВЕНИ