На 22 и 23 септември сите патишта водат кон Штип, каде од рацете на штипските мајстори ќе се промовира највкусниот штипски бренд, неповторливата Штипска пастрамалија, која ќе се одржи по 15 пат.
За добрата забава на најгурманскиот хепенинг во државата ќе се погрижат: Саша Ковачевиќ, Данијела Мартиновиќ, Амадеус Бенд, Пајак и Лара, Љубојна, No End, КУД Тоска, КУД Мирче Ацев и многу други.
Општина Штип ги поканува сите граѓани на уникатно и незаборавно дружење “Пастрамалијада 2023”!


