понеделник, април 15, 2024
spot_img
ПочетнаСветШокантно – Русија ја разоткри смртоносната шема: 30 лаборатории во Украина модифицирале...
spot_img

Шокантно – Русија ја разоткри смртоносната шема: 30 лаборатории во Украина модифицирале вируси и страшни болести за да создадат биолошко оружје – Полио, колера, туларемија се дел од нив! 

На барање на Русија, Советот за безбедност почна да заседава на тема воено-биолошки активности на Соединетите Американски Држави во Украина.


Седницата е свикана затоа што Министерството за одбрана на Русија објави документи кои потврдуваат дека САД вршеле експерименти во биолошки лаборатории во Украина, кои, меѓу другото, предвидувале ширење на особено опасни инфекции преку птиците преселници.

Мрежа од околу 30 биолаборатории во Украина работи со американско финансирање за подобрување на патогените својства на смртоносните болести, изјави постојаниот претставник на Русија во ОН Василиј Небензја, говорејќи на состанокот на Светскиот совет за безбедност свикан од Руската Федерација за американската војска за биолошките програми во Украина.


„Министерството за одбрана на Русија прими документи кои потврдуваат дека во Украина е формирана мрежа од најмалку 30 биолошки лаборатории за изведување исклучително опасни биолошки експерименти за подобрување на патогените својства на чума, антракс, туларемија, колера и други смртоносни болести, користејќи синтетичка биологија. “, рече Небензја.


„Оваа работа е финансирана и директно надгледувана од Канцеларијата за намалување на одбранбените закани на Министерството за одбрана на САД и во интерес на Националниот центар за медицинско разузнавање на Министерството за одбрана на САД“, рече Небензја.

Небензија откри страшни информации за болести кои се ширеле низ Украина. Претставникот на Русија во Обединетите Нации тврди дека 200 украински војници починале од свински грип, 364 од африканска свинска чума која инаку не би требало да е смртоносна за луѓето, појава на полио само во одредени делови на Украина.

Русија тврди дека во лабораториите во Украина биле произведувани генетски модифицирани вируси од сите овие болести, кои требало да се специфицираат да нападнат одредена човечка ДНК.

Останатите членови на Советот ги демантираа ваквите поадтоци на Русија и уште еднаш обвинија дека Русија шири лаги и бара оправдување за нејзината агресија во Украина.

ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ
Google search engine
spot_img
spot_img

ПОСЛЕДНО ОБЈАВЕНИ