петок, април 19, 2024
spot_img
ПочетнаМагазинЖивотШведска ги укинува ограничувањата воведени во пандемијата
spot_img

Шведска ги укинува ограничувањата воведени во пандемијата

Шведска следната недела ќе ги укине ограничувањата воведени во пандемијата и покрај рекордниот број на заразени, бидејќи смета дека вакцинацијата со трета доза и високиот процент на жителите кои преживеале ководи-19 ќе ја одржи хоспитализацијата на прифатливо ниво.

Моменталните ограничувања, кои вклучуваат рано затворање на баровите и рестораните и ограничување на собирите на 500 луѓе во затворени простории, биле продолжени минатиот месец до 9-ти февруари.

„Време е повторно да ја отвориме Шведска“, рекла премиерката Магдалена Андерсон на прес-конференција.

„Стапката на зараза ќе остане висока долго време, но колку што можеме да процениме, најлошите последици од заразата се зад нас“, рекла таа.

Зафатена со високо заразната варијанта омикрон, Шведска постојано бележела нови дневни рекорди на заразени во јануари, а тоа го оптоварило здравствениот систем иако помалку отколку во претходните бранови.

Шведска претходно, кога почнала пандемијата, одбрала посебен пристап, помалку строг отколку во другите држави и во главно се потпирала на самодисциплината на луѓето во почитувањето на физичката дистанца и хигиенските мерки, но постапно сепак прифатила построги ограничувања.

Процентот на смртност од ковид-19 во Шведска бил значително поголем отколку во другите нордиски земји, но не многу поголем од останатите држави во Европа кои одбрале строго затворање.

Препораките за вакцинација и изолација на заразените ќе останат на сила и ќе бидат многу построги за невакцинираните, рекла министерката за здравство Лена Халенгрен на прес-конференција.

ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ
Google search engine
spot_img
spot_img

ПОСЛЕДНО ОБЈАВЕНИ