среда, април 17, 2024
spot_img
ПочетнаШтип NewsЧистење на депонијата кај Пребег: Отпадот се депонира во депонијата, не надвор...
spot_img

Чистење на депонијата кај Пребег: Отпадот се депонира во депонијата, не надвор од неа

Започна чистењето на депонијата во населбата Пребег во Штип. Екипи од Општината, во соработка со комуналната инспекција, излегоа на терен каде се собираше градежен шут, земја и градежни материјали оставени на депонијата. Несовесни граѓани и фирми, ваквиот вид на отпад го оставале пред депонијата и на влезот на истата, што предизвика дополнителна работа за Општината и постојано несредена состојба на депонијата.

„Се преземаат активности за расчистување на депонијата, и апел до сите фирми и градежни фирми да го одлагаат тој вид на отпад на самата депонија или на влезот пред населбата Пребег. Казните за правните лица се поразлични од физичките лица.“ – изјави Везенков.

Везенков апелира за поголема совест од страна на правните и физички лица при депонирање на отпадот, истакнувајќи дека Општината треба да биде известена за видот на одпад и локацијата на депонирање. На тој начин се чува чиста околината и се избегнува санкционирање на граѓаните и фирмите.

„Упатуваме апел до фирмите да го одлагаат отпадот на правилните локации, а не на места според нивна волја или погодни за нив.“ – додаде Везенков.

Казните за непочитување на одлуките за депонирање на отпад се движат од 1500 до 3000 евра за правни лица и казна од 500 евра за одговорното лице. Везенков истакна дека оваа мера е последна, со цел да се стави ред на градските депонии во Штип и да се осигура чиста околина.

ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ
Google search engine
spot_img
spot_img

ПОСЛЕДНО ОБЈАВЕНИ