среда, април 17, 2024
spot_img
ПочетнаШтип NewsЦрквата „Св. Кирил и Методиј“ во штипската населба Баби конечно доби крст
spot_img

Црквата „Св. Кирил и Методиј“ во штипската населба Баби конечно доби крст

Осветен и поставен крстот на црквата во населбата Баби, „Св. Кирил и Методиј“, кој го освети Брегалничкиот митрополит, г. Иларион. На чинот на осветувањето тој се заблагодари на сите добронамерни луѓе кои помогнале да се изгради храмот, а повика и да се помогне да се доврши истиот за набрзо да се освети.

„Најнапред, Христос воскресна! Посакуваме многу здравје и благослов Божји на сите луѓе коишто живеат во градот Штип, во Брегалничката епархија и во целиот свет. Посакуваме ова осветување на крстот да нè поттикне сите нас што побрзо да го завршиме овој храм и храмот да го осветиме и да постанеме жив храм. За да можеме да речеме како апостолот Павле: „Не живеам веќе јас, туку Христос во мене“. Храмот ќе биде место за радост и осветување на сите и слава на Бога“, порача митрополитот Брегалнички.

На осветувањето присуствуваа бројни верници од населбата, кои посочија дека населбата има потреба од ваква црква. Си посакаа радост, мир и благосостојба, а кога храмот целосно ќе се заврши, овде да се собираат за многу случувања.

Темелите на црквата „Св. Кирил и Методиј“ беа поставени во деведесетите години од минатиот век, но по многу проблеми, почна да се гради во 2014 година, по што повторно имаше застој. Црквата е дамнешна желба на жителите на населба Баби, кои се надеваат дека конечно ќе се случи нејзино осветување по 30 години.

ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ
Google search engine
spot_img
spot_img

ПОСЛЕДНО ОБЈАВЕНИ