Цените на нафтата паднале денеска поради корона затворањето во Кина кое ги погодило економските активности во Шангај, главниот деловен центар на земјата.
Овој кинески финансиски центар, кој брои 26 милиони жители, им наложил на сите компании да го сопрат производството или да ги префрлат луѓето на работа од далечина во текот на локдаунот кој се спроведува во две вази во текот на наредните девет дена.

Ширењето на мерките на ограничување во земјата која е најголем увозник на нафта довело до пад на цените на црното злато.
Европската нафта “Brent” потонала за 3,39 долари на 117,26 долари по барел, додека американската “WTI” паднала за 3.41 долар на 110,49 долари за барел, известува “Reuters.”
