сабота, април 20, 2024
spot_img
ПочетнаМакедонијаХуманоста победи, македонските срца се сплотија во едно: Собрани потребните средства за...
spot_img

Хуманоста победи, македонските срца се сплотија во едно: Собрани потребните средства за лекување на Никола Ѓоргиев

Финансиските средства потребни за лекување на клиника во Турција за матурантот Никола Ѓоргиев се собрани. По низата на хуманитарни акции кои изминатиот месец се одржаа во Македонија, со цел да му се помогне на момчето од Скопје да се избори со тешката болест, канцер на коските, тој информира дека сумата потребна за долготрајното лекување е обезбедена.

-Почитувани познати и непознати луѓе во вистинска смисла на зборот.
Сакам да упатам најголема благодарност до сите граѓани на Република Македонија,македонците од дијаспората и сите луѓе од целиот свет што дониравте, а со тоа помогнавте да ги соберам потребните парични средства за моето лекување во Истанбул, Р.Турција.

Се надевам дека нема да имам повторно потреба од парична помош иако лекувањето ќе биде во времетраење од 1 до 2 години.

Но, јас знам дека ве имам сите вас како најголема подршка и за било што ќе бидете со мене- порача Никола, пренесува “Фокус”.

ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ
Google search engine
spot_img
spot_img

ПОСЛЕДНО ОБЈАВЕНИ