петок, април 19, 2024
spot_img
ПочетнаМакедонијаХероите на Македонија се враќаат денеска, познато кога ќе слетаат на скопскиот...
spot_img

Хероите на Македонија се враќаат денеска, познато кога ќе слетаат на скопскиот аеродром

Македонската фудбалска репрезентација денеска се враќа дома. Македонија вчера против Португалија загуби со 0:2 и не обезбеди пласман на Светското првенство, но покажа одлична игра и карактер.

Македонската јавност без трошка разочарување им честита на момците и се надева дека во иднина ќе има нови победи и настапи на европско и светско првенство.

Според најавите, момците денеска околу 18:30 часот треба да слетаат на скопскиот аеродром. Дел од нив, нема да дојдат тука, туку директно ќе заминат во своите клубови каде настапуваат.

Официјална организација за нивен пречек досега нема, но навивачите се самоорганизираат да ги пречекаат на аеродромот.

ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ
Google search engine
spot_img
spot_img

ПОСЛЕДНО ОБЈАВЕНИ