сабота, септември 30, 2023
Google search engine
ПочетнаСвет(Фото) Чудо во Киев! На улиците хаос, во метрото се породи жена:...
spot_img

(Фото) Чудо во Киев! На улиците хаос, во метрото се породи жена: „Додека Путин ги убива Украинците, ова е симбол за надеж…“

Среде хаосот кој го предизвика руската инвазија во Украина, додека детонациите одѕвонувале ширум Киев, во метрото каде илјадници граѓани побарале спас, една жена имала и повеќе причини за страв од останатите.

Додека синоќа се криела од нападите во импровизираното засолниште во градот во кој беснеат пукањата, во околу 20 часот и 30 минути, оваа млада жена на свет донела девојче со име Миа, а нејзините крици ги слушнала украинската полиција која испратила помош.

Никола Шлапак, полицаец кој се нашол на вистинско место во вистинско време, раскажал дека ѝ помогнале да се породи, а потоа повикале Брза помош која мајката и бебето ги однела во болница.

„Вашето породување е надеж во ова сурово време“, извикувале присутните опишувајќи го настанот за кој сведочеле како вистинско чудо.

Фотографијата од мајката на Миа брзо се прошири во светот, а веста за раѓањето на малата Миа брзо се прочу на социјалните мрежи, пренесува „Дејли мејл“.

„Миа вечерва беше родена во засолништето и тоа во страшно опкружување, во текот на бомбардирањето на Киев. Нејзината мајка е среќна по породувањето. Додека Путин ги убива Украинците, ние ги повикуваме мајките на Русија и Белорусија да протестираат против војната меѓу Русија и Украина. Ги браниме животите и човештвото“, порачала синоќа претставничка на „Демократија на дело“, Хана Копско.

ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ
Google search engine
spot_img
spot_img

ПОСЛЕДНО ОБЈАВЕНИ