среда, април 17, 2024
spot_img
ПочетнаВидеоФОТО и ВИДЕО| Летечкиот автомобил доби дозвола за лет во Словачка
spot_img

ФОТО и ВИДЕО| Летечкиот автомобил доби дозвола за лет во Словачка

Летечки автомобил од Словачка доби службена дозвола да лета како авион, според решението од претходно седмицава на тамошното министерство за сообраќај.

Производот на компанијата „Klein Vision“ од словачкиот град Нитра под називот „AirCar“, е комбинацијата од автомобил и мали авиони. Својот прв лет го имаше меѓу ародроми во два града во јуни 2021 година, кога за половина час од Нитра долета во 75 километри оддалечената словачка престолнина Братислава.

Оттогаш успешно ги заврши сите тестови потребни за добивање на службената дозвола зза лет од словачките воздухопловни власти. Хрибридниот авион досега има 200 полетувања и слетувања и вкупно 70 часови лет.

Од компанијата „Klein Vision“, исто така, соопштија дека планираат во блиска иднина да понурад директни летови меѓу Париз и Лондон.

Летечкиот авион „AirCar“, кој го развил основалот на компанијата Штефан Клеин, може да се вози како обичен автомобил на коловозот, а откако ќе ги рашири крилата се трансформира во мал авион за малку помалку од три минути.

Клеин и неговите партнери веќе го претставија хибриден модел, на почетокот пласиран под името „Aeromobil“, на неколку меѓународни саеми на автомобили од 2013 година, предизвикувајќи светска сензација. Подоцна Клеин се разиде со своите финансиски партнери и основа сопствена компанија којашто сега сака да излезе на пазарот со летечкиот автомобил кој го доби името „AirCar“.

ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ
Google search engine
spot_img
spot_img

ПОСЛЕДНО ОБЈАВЕНИ