Групата „Фолтин“ ќе одржи три самостојни концерти во Куманово, Штип и во Струмица.
Настапот на „Фолтин“ на 6 септември ќе биде во големата сала на Центарот за култура во Куманово, на 13 септември во Центарот за култура во Штип и на 21 септември – во Центарот за култура во Струмица.
„Фолтин“ има континуитет од речиси 30 години концертно присуство пред домашната и пред меѓународната публика, а неретко настапува и во помалите средини. На концертите ќе бидат изведувани постарите песни на „Фолтин“, но и оние од последниот албум „Симултан бакнеж“.
Концертите се организираат со поддршка на Министерството за култура и во соработка со центрите за култура во Куманово, Штип и во Струмица.