сабота, април 20, 2024
spot_img
ПочетнаМагазинЖивотУште колку долго ќе носиме маска во авион?
spot_img

Уште колку долго ќе носиме маска во авион?

Заштитните маски ќе станат вообичаен дел од секое патување со авион, а иако границите се отвораат и условите за влез се олеснуваат, експертите велат дека патниците во авион ќе носат маски уште некое време.

Бројни медицински експерти изјавија за TPG дека иако нивните софистицирани системи за филтрирање на воздухот ги прават патничките авиони едно од најбезбедните јавни места на кои може да се најде човек, маските за лице остануваат последната линија на одбрана од инфекција.

„Примарната цел на маската е да ги заштити луѓето околу вас од вас, но исто така ви дава слој на заштита“, му рече д-р Паоло Алвес, медицински директор, на Meder, кој дава медицински и безбедносни совети во авиоиндустријата.

Една од многуте авиокомпании што ќе продолжат да бараат маски е ирската нискобуџетна авиокомпанија Ryanair, која предупреди дека маските за лице ќе останат задолжителни на летовите во наредните години, бидејќи нивните шефови инсистираат дека тоа е мала цена за да се избегне враќање на патните ограничувања предизвикани од COVID-19.

Нил Сорахан од Ryanair ја спореди сегашната потреба за носење маска за лице со ограничувањата за внесување течности во авионите по терористичките напади на САД во 2001 година. Овие мерки станаа секојдневие и нема шанси некогаш да бидат укинати.

„Маските ќе ни останат уште некое време. Ако тоа е цената што треба да ја платиме за следните неколку месеци, до лето, тоа е мала цена. Слично беше и по 11 септември кога козметичките производи почнавме да ги ставаме во најлонска кесичка. Сега можеби ќе треба да живееме со маска некое време“, рече Сорахан.

ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ
Google search engine
spot_img
spot_img

ПОСЛЕДНО ОБЈАВЕНИ